Шакира го поминува своето слободно време на плажите во Мајами, од каде што доаѓаат и најновите папарацо фотографии.
Пејачката Шакира (49) ужива во слободното време, кое го поминува во Мајами, заедно со своите синови, а посети и некои натпревари на Светското првенство. По спектаклот што го приреди на отворањето на Светското првенство, сега заслужено ужива.
Папараците ја следеа на секој чекор, а најновите снимки брзо станаа главна тема на социјалните мрежи. Овојпат, фокусот не е на нејзиниот настап или костим, туку на изгледот во бикини на кој би завидувале многу помлади жени.
Shakira en Miami. pic.twitter.com/nmG0i3bjZ6
— Paky ✨ (@PakyShak2) July 8, 2026
За опуштање на плажа, Шакира избрала црвено бикини со реси, а позитивните коментари набрзо ја преплавија секоја објава на која се појавува пејачката.
„Изгледа одлично“, „Честитки“, „Изгледа вака на 49 години, неверојатно“, „Изгледа природно“, „Дали сме сигурни дека е Шакира“, биле само дел од коментарите на Твитер.