[ФОТО/ВИДЕО] Сувенирот од Америка кој Халанд го донесе дома, а кој чини 650 евра: „Кому му треба трофеј кога може да го земе ова...“

Супермен

14/07/2026

13:01

1.589

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд продолжува да привлекува внимание дури и по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство. Славниот фудбалер предизвика многу реакции во понеделникoт кога слета во Осло со репрезентацијата.

Додека неговите соиграчи излегуваа од авионот со нивниот вообичаен багаж, Халанд носеше плишан ракун со шише во шепите. Тој ја објави фотографијата на социјалните мрежи со краток коментар: „Ме следеше дома“, додавајќи насмеан емотикон. Како што се очекуваше, фотографиите и снимките брзо станаа вирални.

Необичен сувенир од Далас

Тој купил необичен сувенир во продавницата „Wild Bill's Western Store“ во Далас. Ракунот со шише виски го чинел 750 долари (660 евра), објавија странските медиуми.

Во меѓувреме, производот е распродаден, а продавницата се пофали дека една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата ги посетила.

Реакциите на социјалните мрежи продолжуваат да се слеваат. Бројни хумористични коментари се појавија на „X“.

„Само Халанд може да го претвори плишаниот ракун во најнеочекуваниот „трансфер“ на летото“, „Тој е хит, вистинското откритие на овој Мундијал“, „Кому му треба трофеј кога може да го земе ова дома?“, „Мислев дека вештачката интелигенција го направи ова“, се само дел од коментарите.


Вниманието го привлече и со својот моден избор

Покрај необичниот сувенир, Халанд вниманието го привлече и со моден додаток. Напаѓачот, познат по својата колекција луксузни чанти, во која има неколку модели на „Hermès Birkin“, овојпат носел чанта од модната куќа „Dolce & Gabbana“.


Најголемиот успех на Норвешка на Светското првенство

Халанд го заврши своето прво Светско првенство со седум гола, водејќи ја Норвешка до четвртфиналето, каде што загубија од Англија по продолженијата. И покрај елиминацијата, тоа беше најголемиот успех на Норвешка на Светското првенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk