Левица: Ново скандалозно назначување во РКЕ

Макфакс

16/07/2026

13:40

302

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика е целосно партизирана и узурпирана од лица близу до владејачката партија ДПМНЕ, а Левица обвинува дека Мицкоски планира партиски кадри да ја контролираат енергетската политика во Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, велат од Левица. Очигледно, додаваат од партијата, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија.

„Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по правило) независното енергетско тело. Во септември 2024 година парламентарното мнозинство за член на РКЕ ја избра претседателката на Комисијата за енергетика при ДПМНЕ – Елена Маркова Велинова, која ги смени своите ставови за цената на електричната енергија веднаш по седнување на регулаторното столче.
Мицкоски си го назначи за претседател на РКЕ Ацо Ристов – поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ, кој е и дирекно инволвиран во енергетскиот бизнис. Целосната вмровска окупација на РКЕ ќе заврши со изборот на Ана Виткова која моментално работи како советник во кабинетот на премиерот. Ана Виткова досега работела во комисии во кои се доделувале концесии за користење на водениот потенцијал за изградба на мали хидроцентрали“, велат од Левица.

Оттука, додаваат од партијата, може да се заклучи дека РКЕ повеќе апсолутно не преставува независно енергетско тело, туку е целосно зависно тело – окупирано од ДПМНЕ и бизнис интересите на Мицкоски.

„Потсетуваме дека Левица, со цел рационализација на трошоците и ефикасност, претходно иницираше укинување на РКЕ и предложи Комисијата да биде одделение во рамките на Министерството за енергетика, но ваквиот предлог беше одбиен од страна на власта. Предупредуваме дека Левица будно ги следи, ќе ги следи и анализира од кривичен аспект одлуките кои РКЕ ќе ги носи на штета на народот во време на окупација на Комисијата од Мицкоски и ДПМНЕ“, се наведува во соопштението,