[ФОТО] Кармен Електра во провокативно издание: Актерката позираше за „Playboy“ во мрежест комплет

Супермен

16/07/2026

14:13

834

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и манекенка Кармен Електра позираше за списанието „Playboy“, а со своето провокативно издание го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Таа беше облечена во мрежест комплет, градник со метални шилци и корсет. Изгледот го надополнила со чевли со висока платформа, кожна капа и ѓердан.

За новиот број на списанието „Playboy“, кој ќе биде пуштен во продажба на 28 јули, Кармен Електра ја презеде улогата на советничка на „Playboy“ и одговараше на прашања од читателите за љубовта, самодовербата и личната трансформација.

На прашањето од читателка дали по разводот треба повторно да го пронајде безгрижниот дух од своите рани дваесетти години, Кармен одговори: „На кој му е гајле дали тоа ќе делува како клише? Само напред“.


Нејзиниот став за тоа од што треба да се откаже еден маж по четириесеттата година е уште поедноставен.

„Од ништо. Баш од ништо. Задржи ја младоста, задржи ја забавата, задржи ја страста, нели?“, меѓу другото порача таа. Заслугите за тоа што имала храброст повторно да се „изгради“ му ги припишува на Принц, кој ја открил и ѝ го дал уметничкото име Кармен Електра.

„Ми влеа многу самодоверба“, вели таа, напоменувајќи дека неодамна тоа име и законски го официјализирала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk