[ФОТО] Кара Делевињ во атрактивно издание за „Playboy“: „Никогаш не ми било поудобно во своето тело...“

Супермен

15/07/2026

14:15

778

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Кара Делевињ позираше без долна облека за насловната страница на новиот број на списанието „Playboy“, а со атрактивното издание предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Таа носеше само црн латекс корсет од  брендот „Atsuko Kudo“, кој чини речиси 2.000 долари. Интимните делови ги покрила со раката. Таа е првата лезбејка што се појави на насловната страница на „Playboy“.

Во разговор со Отеса Мошфег, таа зборувала за тоа како се отрезнила, се заљубила и е гола. На ова снимање, таа соработувала со тим кој се состоел претежно од жени. Како што изјавила, на овој начин „ја презела контролата“ врз сопственото тело и го прифатила својот изглед.

„Секако, „Playboy“ во голема мера е хетеросексуална „институција“. Па затоа се чувствуваше малку како чин на пркос и бунт, а тоа што имаше неверојатен креативен тим предводен од жени, од кои многу се „queer“, беше навистина забавно и различно“, рекла Кара Делевињ.

Таа била фотографирана од Зои Гросман, а стилизирана од Лана Џеј Лаки. Исто така, позирала со налепници преку градите.

„Се соблеков гола и претходно на снимање и во филмови. Но, секогаш се чувствував малку одвратно кога беше за некој друг. Секако, тоа беше мој избор и се согласив со тоа, но никогаш не се чувствував овластена од тоа. Никогаш не сум се чувствувала поудобно во сопственото тело“, изјавила таа, меѓу другото.

Додала дека сега се чувствува како да е во својот најдобар период. Новото издание на „Playboy“ ќе биде во продажба од 28 јули.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk