Изгоре автомобил во Скопје: Огнот зафатил уште две возила, фасада на зграда

Макфакс

21/07/2026

16:40

454

Големина на фонт

а а а

Во Скопје избувна пожар кој целосно зафати едно патничко возило, додека уште две возила и фасадата на близина зграда беа оштетени. Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Утрово околу 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34).

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50).

Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина.

Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти полицијата.