Фудбалерот на шпанската репрезентација Ламин Јамал, по победата на Светското првенство стана мета на критики поради однесувањето кон својата девојка Инес Гарсија Сантос.
Откако Шпанија ја освои титулата светски првак, неговата партнерка сподели нивна заедничка фотографија на која го држи трофејот и напиша: „Успеа, честитки, љубов моја. Ти си светски првак“.
На тоа Јамал одговори: „Те сакам, љубов моја“.
Тие беа снимени како се прегрнуваат и бакнуваат за време на прославата на освојувањето на Светското првенство, но реакциите и однесувањето на Јамал кон неговата партнерка станаа предмет на расправа на социјалните мрежи.
But why did Lamine Yamal ignore his babe like that?😭 pic.twitter.com/hx8VKv913b
— RUTH 🇨🇦 (@it_Rutie) July 20, 2026
Многу негови обожаватели истакнаа дека ја занемарува љубовта што му ја пружа неговата партнерка, како и дека ја игнорира, додека таа залудно се труди.
„Вака се однесува маж кога не се цениш себеси како жена“, „Зошто Ламин Јамал толку ја игнорира својата девојка?“, „Таа е толку убава, не знам зошто ја игнорира“, „Кутрата девојка, каков срам“, беа само дел од коментарите на снимката на која може да се види однесувањето на Јамал.
Así se comporta un hombre cuando no te valoras como mujer👇 pic.twitter.com/XTXkEo5zPd
— Muy.Mona/🇪🇸💚 (@Capitana_espana) July 20, 2026
Гласините за врската меѓу Јамал и Гарсија Сантос започнаа во април годинава, но таа истакна дека се заедно многу подолго отколку што луѓето мислат. Исто така, откри дека се познаваат веќе три години.