САД воведуваат нови царини, вклучувајќи и на стоки од ЕУ

Нетпрес

24/07/2026

07:54

812

Големина на фонт

а а а

Соединетите држави воведуваат од петокот нови царини од 10 и 12,5 отсто за стоки од 60 трговски партнери, вклучувајќи ги и оние од Европската унија, поради недоволно строгото спроведување на забраната за принудна работа

Соединетите држави воведуваат од петокот нови царини од 10 и 12,5 отсто за стоки од 60 трговски партнери, вклучувајќи ги и оние од Европската унија, поради недоволно строгото спроведување на забраната за принудна работа, и тоа во моментот кога истекува привремената глобална царина од 10 отсто, објавија високи претставници на администрацијата.


Се проценува дека станува збор за потег кој е најновиот обид на Белата куќа да ја оживее визијата на претседателот Доналд Трамп за кампањата за речиси универзални царини, откако Врховниот суд на САД во февруари ги поништи неговите „реципрочни“ царини во опсег од 10 до 50 отсто. Царините претходно беа воведени според вонредното законодавство за намалување на трговскиот дефицит на САД.

Трамп одговори на одлуката на Врховниот суд со воведување привремена царина од 10 отсто во траење од 150 дена, која истекува на полноќ по источно летно време (EDT) во петок. Тој се повика на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, регулатива дизајнирана за решавање на кризи во платниот биланс. Новите царини ќе стапат на сила веднаш, со тоа што стоките во транзит ќе бидат изземени од примената до 28-ми јули во 00.01 часот (EDIT).

Висок функционер на администрацијата на Трамп ги отфрли тврдењата дека царините за принудна работа, наметнати според член 301 од Законот од 1974 година, се директна замена за царините што сега истекуваат, и покрај нивното временско ограничување, сличните стапки и фактот дека тие го опфаќаат речиси целиот американски увоз. Функционерот истакна дека САД имаат построги забрани за увоз на стоки произведени со принудна работа и ги спроведуваат поригорозно од која и да е друга земја.


Функционер од администрацијата рече дека низа стоки ќе бидат ослободени од тие царини, вклучувајќи ги нафтата и гасот, ѓубривата, одредени прехранбени производи и стоки што веќе подлежат на царини за национална безбедност, како што се автомобили, челик, алуминиум и бакар. И стоките што се во согласност со Трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада, исто така, ќе бидат ослободени од давачките поради високо интегрираниот северноамерикански синџир на снабдување и високото ниво на учество на САД во овие стоки.

Стоките од земјите што донеле соодветни закони против принудна работа ќе бидат оданочени со пониска стапка од 10 отсто при влегување на американскиот пазар, а увозот од оние со несоодветни забрани ќе биде предмет на повисока стапка од 12,5 отсто.