[ВИДЕО] „Му купив на татко ми Шефик нов автомобил, неговите зборови ме изнервираа“: Златан му ги фрлил клучевите, а потоа не можел да поверува

Супермен

27/07/2026

12:22

1.848

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ раскажа една интересна приказна за својот татко Шефик и моментот кога му купил нов автомобил кој тој најпрво го одбил, а потоа го изненадил.

Златан Ибрахимовиќ немал лесен и едноставен живот. Пораснал во шведскиот град Малме, поточно во Росенгорд, дел од градот кој не бил толку безбеден, па морал да се бори за своето место, да се справува со тоа што бил различен од другите деца. Но, Ибрахимовиќ го издржал сето тоа и станал најдобриот шведски фудбалер на сите времиња.

Не ги сфаќал лесно ниту тешко заработените пари, не ги трошел без размислување. Внимавал што купува, како за себе така и за своите најблиски. Така, еднаш му купил на својот татко Шефик нов автомобил, „Mercedes“ и очекувал тоа да го воодушеви, но наместо тоа останал во шок.

„Дојдов дома, му купив автомобил и му реков дека тоа е неговиот нов автомобил. Дека сакам да го има, да го вози. Тоа беше „Mercedes C-Class“. Му реков дека мора да изгледа како тип од Балканот, да биде кул. Да се вози со него наоколу, бидејќи тој е мој татко и треба да биде горд. Ми одговори со ‘не ми треба автомобил’. Тоа ме изнервира“, рекол Ибрахимовиќ за време на гостувањето во емисијата кај Пирс Морган.

Вистинското изненадување за Златан допрва следело

Зборовите на татко му Шефик го изнервирале Златан, па му ги фрлил клучевите на маса и го напуштил домот. Но, вистинското изненадување допрва следело.


„Кога го слушнав тоа, му реков дека автомобилот е негов, дека треба да го вози, дека не ме интересира и дека може да прави апсолутно што сака со него. Ги фрлив клучевите на маса. Смешно е, бидејќи следната недела возев низ градот и веднаш го препознав автомобилот. Се приближив и го видов татко ми како го вози. Пред мене не сакаше да покаже, но го користеше веднаш штом не бев таму“, порача Ибрахимовиќ.

„Ги имав само тие 3 работи во фрижидерот“

Златан Ибрахимовиќ беше и гостин во емисијата на Славен Билиќ „(Ne)uspjeh prvaka“, каде што зборуваше за растењето со својот татко. Неговата мајка Јурка Гавриќ живеела во својот дом, недалеку од нив.


„Млеко, леб и болоњезе, тие три работи ги имав во фрижидерот. Живеев со татко ми, не ми готвеше секој ден. Ќе ми направеше болоњезе за седум дена, ме научи како да направам паста и како да го загреам сосот. Мене ми беше во ред, имав леб, млеко и нешто за јадење. На моите деца денес им велам дека ако јас можев да успеам во животот со тие три работи, можат и тие“, заврши Ибрахимовиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk