[ВИДЕО] Потегот на Здравко Чолиќ на концерт ги подели фановите, луѓето пишуваат: „Полудел на стари години“

Точка

28/07/2026

14:10

1.404

Големина на фонт

а а а

Снимка од неодамнешниот концерт на Здравко Чолиќ во Требиње се прошири на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции. На неа се гледа како пејачот, пред околу 15.000 луѓе, отвора шише со вода, ја прска публиката, а потоа со нога го шутнува шишето кон неа.

Додека дел од публиката овој потег го доживеа како дел од забавата и енергичната атмосфера, други го критикуваа. Многу корисници на социјалните мрежи оценија дека ваквото однесување било непотребно, а предупредија и дека шишето можело да погоди некого и да предизвика повреда.

За едни е непримерно, за други забавно

Видеото поттикна бројни коментари, меѓу кои: „Што му е?“, „Полудел на стари години“, „Зошто го направи ова?“, „Што му се случи?“ и „Како да е Десингерица“, „Каква и да е атмосферата што го понела, ова е многу непримерно, особено за човек на негови години“, напишаа луѓето во коментарите.


Други, пак, застанаа во негова одбрана: „Шмекер беше и остана“, „Цар над царевите“.

Еден обожавател објасни дека Чолиќ ова често го прави.

„За оние што не знаат, Чола ова го прави со години кога ќе го понесе атмосферата на концерт“, стои во коментарот.

Обожавателот е во право. И пред две години, за време на настап во Црна Гора, Чолиќ исто така ја испрска публиката со вода. Реакциите и тогаш беа поделени, но овојпат расправата дополнително ја поттикна фактот што шишето го шутна кон публиката.