[ФОТО] Синот на Ричард Гир и ќерката на Синди Крафорд во центарот на вниманието: Воодушевија на премиерата на серијата

Точка

28/07/2026

21:20

520

Големина на фонт

а а а

Хомер Гир и Каја Гербер, децата на некогашниот холивудски пар Ричард Гир и Синди Крафорд, заедно го привлекоа вниманието на премиерата на серијата „The Shards“ во Лос Анџелес.

Нивното појавување многумина го доживеаја како симболичен момент – доаѓањето на новата генерација која сè посигурно ги презема рефлекторите на филмската и телевизиската сцена.


Дваесет и петгодишниот Хомер Гир и 24-годишната Каја Гербер заедно се појавија на премиерата на адаптацијата на романот на Брет Истон Елис, во режија на Рајан Марфи.


Нивните родители, Ричард Гир и Синди Крафорд, на почетокот на 1990-тите беа еден од најпознатите и најекспонирани холивудски парови. Од 1991 до 1995 година постојано беа во центарот на вниманието, а сега токму нивните деца ги делат рефлекторите во една од најочекуваните телевизиски драми.


Хомер на настанот пристигна во класичен црн костум, со бела кошула и тесна црна вратоврска, додека Каја ги привлече сите погледи во впечатлив златен фустан кој потсетува на гламурот на стариот Холивуд.


По стапките на славните родители

За Хомер, „The Shards“ е едно од неговите најголеми досегашни актерски остварувања. Во серијата го игра Роберт Малори, нов и мистериозен ученик чие доаѓање го „потресува“ елитното приватно средно училиште во Лос Анџелес на почетокот на 1980-тите. Појавувањето на неговиот лик се совпаѓа со серија убиства извршени од серискиот убиец со прекар „The Trawler“, кој ги тероризира богатите тинејџери во градот.

Каја во серијата ја толкува Сузан Рејнолдс, една од припадничките на ексклузивното друштво кое се наоѓа во центарот на напната мистерија. Особено внимание привлече промотивната фотографија на која Хомер и Каја позираат под вода во базен – тој во црни боксерки, а таа покрај него во син костим за капење.

Каја веќе е добро познато име во светот на модата и телевизијата, со улоги во сериите „American Horror Story“ и „Palm Royale“, додека Хомер досега водел многу поповлечен живот, далеку од медиумската врева. Токму затоа неговото појавување на премиерата, рамо до рамо со Каја, многумина го гледаат како јасен знак дека на холивудската сцена пристигнува ново лице.