[ВИДЕО] Трамп тврди дека автопат во Мароко е именуван по него – Но има еден мал проблем

Точка

28/07/2026

14:00

479

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека еден автопат во Мароко е именуван по него.

Но, ниту неколку часа по објавата мароканските власти не потврдија дека патот навистина е преименуван. Тврдењето на Трамп го пренесоа и неколку локални медиуми, но без да се повикаат на независни извори, пишува „BuzzFeed“.

Во видеото се зборува за „историска храброст“

Трамп сподели видео во кое се наведува дека брзиот пат долг речиси 1.050 километри, кој ги поврзува градовите Тизнит и Дахла на територијата на спорната Западна Сахара, сега го носи името „Автопат Доналд Џ. Трамп“. Вредноста на проектот се проценува на една милијарда долари.

„Што всушност поврзува овој пат? Две места? Можеби. Но патиштата што го менуваат текот на историјата поврзуваат нешто многу поголемо“, вели нараторот со драматичен тон, додека во видеото се прикажуваат снимки од патишта и пустински пејзажи.

Во продолжение на видеото се величаат „визионерското лидерство“ на мароканскиот крал Мохамед VI и „историската храброст“ на Трамп, а се зборува и за почетокот на „нова ера“ во „мароканска Сахара“.

Нараторот потсетува и на долгогодишните дипломатски односи меѓу Мароко и Соединетите Американски Држави.

„Веќе два и пол века Мароко и Соединетите Држави ги поврзуваат пријателство, доверба и дијалог. Денес, Автопатот на претседателот Доналд Џ. Трамп е нивниот најопиплив и најтраен симбол“, се наведува на крајот од видеото.


Трамп: „Голема чест“

Трамп покрај видеото напиша: „Голема чест! Со нетрпение очекувам еден ден, се надевам наскоро, да поминам по целата должина на овој прекрасен автопат!“

„HuffPost“ побарал коментар од Белата куќа и од мароканската амбасада во Соединетите Американски Држави, но одговорот не пристигнал веднаш. Мароканските власти засега официјално не потврдија дека патот го добил името на Трамп.