Сметката од италијанското одморалиште предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците беа изненадени од високите цени на основните производи како што се водата и кафето.
Сметка од ресторан во Порто Черво, Сардинија, стана главна тема на разговор на социјалните мрежи откако беа објавени цени што оставија многумина без зборови.
Потребно е да се издвојат 10 евра за еспресо, шише вода чини 12 евра, а „коперто“, односно надоместокот за поставување маса и основна услуга, е 15 евра по гостин.
Фотографијата од сметката набрзо стана вирална, а многумина коментираа дека цените во некои туристички места достигнуваат рекордни максимуми, особено во шпицот на летната сезона.

Најголемо внимание привлече цената на обичната флаширана вода, како и еспресото, за кое многумина веруваат дека треба да биде значително попристапно.
„12 евра за вода е навистина претерано“.
„15 евра за коперто и 12 евра за вода? Дали е ова нормално за некого?“, се некои од коментарите.
Иако високите цени во популарните италијански одморалишта се тема на дискусија со години, примери како овој редовно предизвикуваат лавина од коментари.
Од друга страна, некои истакнуваат дека ваквите цени не се неочекувани бидејќи Порто Черво е познат како елитен одморалиште во Сардинија, популарен меѓу богатите гости и препознатлив по своите луксузни хотели, ресторани и јахти.