Капитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, слободните денови ги минува на Сардинија, каде што повторно е виден во друштво на шпанската актерка Естер Експозито.
Нивните заеднички фотографии од луксузната јахта предизвикаа големо внимание и дополнително ги поттикнаа гласините за можна врска. Мбапе и ѕвездата на серијата „Elite“ беа фотографирани во ексклузивното летувалиште Порто Черво, каде што уживале во опуштен ден на море, а подоцна заедно ручале.
На фотографиите може да се види како францускиот фудбалер, облечен во зелени шорцеви, опуштено престојува на јахтата и во еден момент го проверува мобилниот телефон, додека Естер Експозито, во темноцрвено бикини, ужива во сончањето.




Инаку, ова не е првпат да бидат видени заедно во јавноста. Пред неколку недели странските медиуми објавија фотографии на кои Мбапе и Естер, наводно држејќи се за раце, напуштаат ноќен клуб во Мајами по завршувањето на Светското првенство.
Иако во последните месеци сè повеќе се зборува за нивниот однос, ниту Мбапе ниту Експозито јавно не ги коментираа шпекулациите за можна романса.




