Невил со критики за Јунајтед: Тоа ќе биде добар…

Дерби

30/07/2026

06:39

496

Големина на фонт

а а а

Челси е на добар пат да комплетира два изненадувачки трансфери, да потпише договори со двајца ветерани од Премиер лигата, Дени Велбек и Џордан Хендерсон.

Брајтон и Брентфорд нема да им прават никави проблеми на Велбек и Хендерсон да слетаат на „Стемфорд Бриџ“ и се очекува за брзо време овие операции официјално да бидат компетирани и објавени.

Гери Невил како човек кој редовни ги следи сите случувања на островот смета дека Челси прави вистински потег, потег со кој ќе донесе искуство и квалитет во своите редови, но во исто време одново го искритикува Манчестер Јунајтед како поранешен клуб на Велбек за неговата продажба, па можеби и поради тоа што сега не се обиде одново да дојде до неговиот потпис.

-Пред десет години реков дека Манчестер Јунајтед никогаш не требаше да го продаде Дени Велбек. Тој си замина и се покажа одлично. Тој доаѓа во мала камео улога на крајот од кариерата, но е фантастичен играч. Работев со него очигледно како соиграч, работев со него во Англија како тренер и тој беше фантастичен за Англија. И беше добар и во Премиер лигата. Тоа е добар потег за Челси и им дава вистинска опција во нападот, -смета Гери