Инфантино откри каков бенефит ќе имаат сите Федерации од продажба на Светските првенства

Дерби

30/07/2026

14:16

352

Големина на фонт

а а а

Џани Инфантино е под голем притисок во изминатите месец дена поради начинот на кој работи и претседава со ФИФА, а контроверзните потези кои ги повлече за време на Светското првенство кулминираа со информација која ја запали светската спортска јавност.

Инфантино како прв човек на ФИФА предложи нов проект во кој ќе се продаде дел од сопственичката структура за организација на Светските првенства на моќни луѓе од Америка кои важат за милијардери, па иако негов план е да ги спои комерцијалните права на светската Федерација со развојни фондови и приватни инвеститори, проектот предизвика голем револт и наиде на негативни критики.

Свесни за негативниот ефект од пласираната информација се и самите луѓе од ФИФА, па сега со официјално излагање се јави токму Инфантино кој се обиде накратко да објасни што значи ФФЕ – ФИФА Форвард Ентерпрајз.


– ФИФА Форвард Ентерпрајз или скратено ФФЕ е предлог понуда, тоа треба да биде демократски процес, процес во кој ќе се консултираме и тоа претставува можност, а не обврска за сите нас. Како што веќе реков, го инициравме процесот на консултации, а оваа нова институција ќе стане реалност само ако биде одобрена од мнозинството од нашите 211 членки во советот на ФИФА. Целта е ова институција да биде подружница во сопственост и контролна на ФИФА, консолидирајќи ги комерцијалните настани и доведувајќи ги на повисоко ниво.

– Негова улога би била да ги пласира на пазарот и да ги организира сите натпреварувања во сопственост на ФИФА, заедно со спонзорствата, емитувањата, лиценцирањата и сите проекти на 211 Федерации. Исто така, планот со овој проект е да се „отклучи“ голема комерцијална вредност која не е искористена.


– Секоја членка ќе има можност да пристапи до дополнителни 20 милиони долари преку програмата на ФИФА за брзо напредување, со што потенцијалното достигнување може да достигне 40 милиони долари за циклусот кој следи. Тоа е златна можност за да се поттикне развојот на фудбалот на глобално ниво. Сепак, сакам да нагласам. Ова е само понуда, а не обврска за сите нас. Имаме должност да нудиме решенија и тука сме да бидеме транспарентни и да зборуваме со сите.

– Нашите навивачи и натаму остануваат камен-темелник на прекрасната игра, а спортот кој има долга традиција и толку сакаат да го гледаат, им ветувам дека нема да се промени, – изјави Инфантино.