Фулам му ја исполни желбата на Арбелоа: Двајца играчи на Реал се селат во премиерлигашот за 50 милиони евра

Дерби

30/07/2026

14:03

243

Големина на фонт

а а а

Алваро Арбелоа го презема Фулам во текот на летото и беше избран за наследник на Марко Силва кои постави високи стандарди во Лондон, па англискиот премиерлигаш побрза за да исполни две желби на новиот менаџер кој има искуство со работење во Реал Мадрид.

Пред да биде тренер на првиот тим, Арбелоа работеше со младинскиот тим на Реал Мадрид и познава голем број таленти од школата, а токму еден од нив ќе пристигне во Лондон во пакет со Гонсало Гарсија.

Угледната „Марка“ ова попладне информира дека Фулам и Реал Мадрид ги дефинирале сите детали за двојниот трансфер на млади фудбалери, а тоа се Гонсало Гарсија и Сесар Паласиос.

Гарсија добиваше шанса во првиот тим на Реал Мадрид веќе една година и се покажа како играч со голем потенцијал, па сега своите квалитети ќе ги докажува и во Премиер лигата.

Фулам исплаќа 40 милиони евра за 70 проценти од правата на Гарсија, што значи дека Реал Мадрид задржува 30 проценти од првата на својот младинец за потенцијален трансфер во иднина.

Покрај Гарсија, Фулам ќе го добие и младиот Паласиос за 10 милиони евра, а истиот рецепт е употребен и за досегашниот член од Б тимот на „кралевите“.

Фулам ќе поседува 70 проценти од правата на младиот играч за врска, кој во отсуство на вистинска шанса во првиот тим на Реал, сега ќе игра на највисоко ниво во Премиер лигата под водство на тренер кој добро го познава.