[ФОТО] Нова романса? Актерот од „Пријатели“ забележан на вечера со инструкторка по јога

Супермен

06/08/2026

15:24

1.382

Големина на фонт

а а а

Актерот Мет Лебланк бил фотографиран како го напушта ресторанот „Џорџо Балди“ во Санта Моника во вторник со инструкторка по јога. 59-годишната ѕвезда од „Пријатели“ вечерал со жена која американските медиуми ја идентификувале како Чез, пренесе Пејџ Сикс.

Вечера во Калифорнија

Парот бил виден како го напушта ресторанот, а Лебланк чекорел пред Чез на патот кон својот автомобил. За вечерното излегување тој носел црна кошула, фармерки и качкет, додека Чез носел црвен фустан и високи потпетици. Природата на нивниот однос сè уште не е позната.


Која е Чез?

На својата веб-страница, Чез наведува дека има повеќе од 25 години искуство со јога, кое го започнала на 14-годишна возраст. Таа објаснува дека практиката ѝ помогнала да се справи со нарушувањата во исхраната и проблемите со прифаќање на сопственото тело, што ја довело до кариера во здравствениот сектор.



Во 2006 година, таа го основала „Sisters Yoga“, студиото за јога само за жени во Фресно, Калифорнија, но го продала три години подоцна. Сега работи како бизнис консултантка за други студија за јога.


Претходни врски на актерот

Лебланк беше во брак еднаш и тоа со Мелиса Мекнајт од 2003 до 2006 година, со која ја доби 22-годишна ќерка, Марина. По нивниот развод, тој се забавуваше со актерката Андреа Андерс, колешка од серијата „Џои“, од 2006 до 2014 година.


Неговата последна позната врска беше со продуцентката Аурора Малиган, со која беше во врска од 2016 до 2021 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk