[ФОТО] Две суперјахти вредни милиони долари привлекуваат внимание кај Дубровник: Едната е во сопственост на поранешниот шеф на „Google“

Супермен

07/08/2026

16:01

777

Големина на фонт

а а а

Две луксузни суперјахти впловија во дубровничкиот акваториум и предизвикаа големо внимание како кај локалното население, така и кај туристите.

Онаа што особено се истакнува е 95 метри долгата јахта „Whisper“, која е изградена во германското бродоградилиште „Lurssen“. Сопственик на оваа јахта е поранешниот директор на „Google“, Ерик Шмит, пишува „Dubrovački dnevnik“.


Со проценета вредност од 200 милиони долари, годишните оперативни трошоци на „Whisper“ изнесуваат околу 20 милиони долари. Цената на јахтата варира во зависност од различни фактори, вклучувајќи ја нејзината големина, старост, нивото на луксуз, како и квалитетот на материјалите и технологијата користени при нејзината изградба.

Исклучителните карактеристики на оваа јахта вклучуваат не една, туку две хеликоптерски рампи, приватна платформа за набљудување со надворешен кревет, која може да се заклучи за останатите гости и екипажот. Сончевата палуба нуди базен со интегрирано џакузи.


Освен неа, во дубровничкиот акваториум е забележана и јахтата „Anshin“. Нејзиниот ентериер го дизајнирала британската дизајнерска куќа „Harrison Eidsgaard“, а на сопственикот му била испорачана во мај 2016 година. Надворешниот дизајн на ова луксузно пловило е дело на „Harrison Eidsgaard“.


„Anshin“ е дизајнирана удобно да смести до 14 гости во седум апартмани, вклучувајќи и една ВИП-кабина. Исклучително пространата главна кабина, која се протега по целата ширина на бродот, вклучува сопствени работни простории со одвоени бањи. Исто така, може да прими до 17 членови на екипажот за да се обезбеди опуштено, но истовремено и луксузно искуство на јахтата.

Оваа јахта претходно била и во сопственост на британскиот милијардер Ендрју Кари, но не е познато кој е нејзиниот сопственик денес.

Еве како изгледа „Whsiper“:


А еве како изгледа „Anshin“:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk