Американците тврдат: Договорот за Ормускиот Теснец е сè поблиску

Макфакс

08/08/2026

13:13

258

Големина на фонт

а а а

Американски претставник информира за постигнат напредок во преговорите со Иран за договор што ќе овозможи повторно отворање на Ормутскиот Теснец, што е стратешки важен за поморскиот транспорт на нафта и има големо значење за мировните договори.

Американски претставник соопшти дека е постигнат напредок во преговорите со Иран, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормутскиот Теснец и обновување на вообичаениот поморски транспорт на нафта, пренесува Ројтерс.


Американскиот претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека Вашингтон наскоро очекува договор меѓу Иран и Оман за контролата на стратешкиот поморски пат. Таквиот договор се смета за клучен и за постигнување поширок мировен договор.


„Постигнат е напредок меѓу Оман и Иран во врска со теснецот и наскоро очекуваме договор“, изјавил претставникот.

Тој додал дека откако ќе биде објавен договор што ќе овозможи непречено обновување на комерцијалниот поморски сообраќај, САД ќе ја укинат блокадата на иранските пристаништа. Американските потези, сепак, ќе зависат од спроведувањето на договореното и исполнувањето на обврските од страна на Иран.