Растот на странски туристи во Македонија забележува значително забрзување, со зголемување од 23,6% во првите пет месеци, што го позиционира земјата како атрактивна туристичка дестинација, според ВМРО-ДПМНЕ.
Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6% проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
„Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација.Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам. Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. „Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места“, велат од партијата.










