Што да понесете на плажа? Практични ужини за безгрижен летен ден

Точка

12/08/2026

13:15

132

Големина на фонт

а а а

Денот поминат покрај море, езеро или базен бара добро спакувана торба. Покрај кремот за сончање, пешкирот и шишето вода, добро е да понесеме и неколку практични ужини. Најдобар избор се производите што не бараат подготовка или прибор, лесно се носат и може да се консумираат во секој момент.

За летните денови издвојуваме три предлози од Виталиа: Elements чипс за крцкава пауза со друштвото, пробиотски колачиња без додаден шеќер кога сакаме нешто слатко и протеински барови со магнезиум за поактивните моменти.

Elements: Чипс, само поинаков

Ниту еден ден на плажа не е целосен без нешто солено и крцкаво за споделување. Чипсот природно е дел од летното дружење, но Elements носи поинаков избор во оваа категорија. Благодарение на современата air-popped технологија, чипсовите се подготвуваат со топол воздух наместо со класично пржење во масло, со што добиваат лесна и крцкава текстура.

Достапни се во четири вкуса, инспирирани од елементите на природата. Медитеранска сол е едноставен и препознатлив избор за љубителите на класичните вкусови, додека Чадена пиперка носи поинтензивна и зачадена нота. Вкусот со павлака и кромид ја комбинира кремавоста со вкусот на кромид, а Протеинскиот чипс со гарам масала и кари нуди неочекувана комбинација од азиски зачини и 20% протеини.

Практичното пакување од 50 грама лесно се сместува во торбата за плажа, без да зафаќа многу простор. Може да понесете повеќе вкусови и да ги споделите со друштвото, без садови, подготовка или дополнителен прибор. Elements е создаден за моментите во кои сакаме едноставно да се опуштиме, да уживаме и да грицкаме нешто поинакво.


Пробиотски колачиња: слатка пауза без додаден шеќер

Кога се подготвуваме за патување, пробиотиците често се наоѓаат на списокот со производи што ги носиме со себе, најчесто во форма на капсули или таблети. Виталиа пробиотските колачиња нудат поинаков и повкусен начин за внесување пробиотски култури: едно пакување содржи 3 милијарди пробиотски култури, повеќе од 55% овес и е без додаден шеќер.

Практичното пакување од 55 грама лесно се сместува во патната или во торбата за плажа и е веднаш подготвено за консумирање.


Протеински барови: практичен избор со протеини и магнезиум

Виталиа протеинските барови се без додаден шеќер и содржат протеини и магнезиум, во практично пакување што лесно се носи насекаде. Достапни се во три вкуса – Двојно чоколадо, Карамел и најновиот протеински бар, кој ја збогатува линијата со еден од најпопуларните современи вкусови.


Ги препорачуваме за поактивните летни денови, по пливање, прошетка или друга физичка активност, како практична протеинска ужина кога сте надвор од дома. Не бараат ладење, подготовка или прибор, но сепак е најдобро да се подалеку од директна сончева светлина со цел најдобро да уживаат во нивниот неодолив вкус.

Не заборавајте да понесете доволно вода, производите да ги чувате во сенка и, секако, по завршувањето на денот да ја оставите плажата чиста. Потоа останува само да се опуштите, да влезете во својот елемент и максимално да уживате во летото.