ЕУ е подготвена да ја поддржи Украина доколку одлучи да одржи избори

Макфакс

20/08/2026

20:05

244

Големина на фонт

а а а

Европската Унија истакнува дека Украина треба сама да ја донесе одлуката за одржување избори, при тоа почитувајќи го својот Устав и законите, а ЕУ е подготвена да ја поддржи во тој процес доколку биде потребно, во услови на продолжена воена криза.

Украина треба сама да одлучи кога да одржи избори, а оваа одлука мора да биде во согласност со нејзиниот Устав, законите и демократските стандарди. Ова го изјави во четврток портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, објави „Киев пост“.

„Украина мора сама да одлучи кога да ги одржи, со целосно почитување на својата законска рамка“, рече Хипер, како што објави дописникот на „Европска правда“ од Брисел. Таа нагласи дека Европската Унија е подготвена да ја поддржи Украина во текот на целиот изборен процес доколку Киев одлучи да одржи избори. „Постојат уставни рамки и одлуката треба да ја донесе Украина – ако одлучи да го стори тоа“, додаде таа.

Изјавите доаѓаат во време на обновена дебата во Украина за можноста за одржување избори за време на војната. Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, на 18 август повика на воспоставување легален, безбеден и реалистичен механизам што ќе овозможи одржување избори во Украина.