Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски

Макфакс

24/08/2026

16:50

141

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави уредување на пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, со цел кејот да биде безбеден и функционален простор за сите генерации. Акцијата опфаќа заменување на подни плочки, санација на оштетувања и уредување на спортските терени.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар.

Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани.

Програма за уредување на кејот на Вардар

„Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин.
Започнавме голема акција за целосно уредување на пешачката зона, на потегот од Лисиче до Влае.
Се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации.
Уште од почетокот на мојот мандат започнавме сериозно да го враќаме животот на кејот.
Изградивме нови спортски терени, поставуваме современа урбана опрема, а во тек е и големата акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје“.

Улогата на кејот во животот на Скопје

Кејот, оценува скопскиот градоначалник, е пулсот на Скопје, место на кое градот дише, а скопјани ги создаваат своите најубави спомени.

„Затоа ќе го чуваме, уредуваме и развиваме, онака како што заслужуваат Скопје и неговите граѓани!
Скопје го правиме заедно. По скопски! најпосетените и најомилените места на скопјани“.