Британската инфлуенсерка Мел Розелин на ТикТок го сподели своето искуство од летувањето во Црна Гора предизвикувајќи големо внимание со тврдењата дека престојот во земјата ѝ бил исклучително непријатен. Како што рече, имала проблеми со превозот и локалните жители.
Розелин објасни дека Црна Гора ѝ била едно од најлошите искуства кои ги доживеала за време на патувањата ширум Европа, иако како што истакна земјата и нејзината природа ја смета за многу убава.
Во видеото кое го објави по враќањето од одморот, инфлуенсерката сподели низа забелешки на сметка на престојот во Црна Гора.
Таа особено го истакна односот кон неа и нејзината сестра, тврдејќи дека локалците ги игнорирале и одбиле да ги услужат.
Како што рече смета дека за време на престојот доживеала отворен расизам и стекнала искуство дека локалните жители не се пријателски настроени кон туристите, особено оние со темна боја на кожата.
Сепак, Розелин нагласи дека исклучиво зборува за своето искуство и не тврди дека сите посетители ќе го доживеат истото.
Забелешки и за превозот
Инфлуенсерката особено се осврна на јавниот превоз. Според неа автобусите со кои требале да патуваат доцнеле или воопшто не се појавувале. Како пример го истакна патот од Будва до Котор, кога како што тврди автобусот го чекале 1 час и 20 минути, а на крајот не се ни појавил.
Меѓутоа како што објасни имале проблеми и со одредени мажи. Како што рече тие ѝ свиреле од автомобил, ги снимале неа и нејзината сестра без нивна согласност, а еден маж дури и ги следел.

Поради сето тоа, Розелин истакна дека повторно не би ја посетила Црна Гора и дека не би им ја препорачала на другите.
Неколку дена подоцна објави уште едно видео
Меѓутоа инфлуенсерката не се задржа на оваа тема. Само неколку дена подоцна таа објави уште едно видео во кое повторно зборуваше за своето искуство. Во второто видео истакна дека ја зачудува фактот што на социјалните мрежи најчесто среќава позитивни искуства за Црна Гора, додека како што тврди голем број луѓе и рекле дека имале слични негативни искуства.
Розелин сепак признала дека смета оти Црна Гора е прекрасна земја и дека ѝ се допаднале природата и историјата. Додаде дека претходно ги посетувала и другите балкански земји, меѓу кои Грција, Хрватска, Словенија и Албанија и дека од тие патувања има главно позитивни впечатоци.

На крајот повтори дека нејзините снимки го претставуваат само нејзиното лично искуство и дека не сака да им кажува на луѓето да не ја посетуваат Црна Гора, туку самите да проценат дали сакаат да ја посетат.











