Третото коло од англискиот Карабао куп подразбира вклучување и на екипите кои имаа најдобар пласман во Премиер лигата минатата сезона и на тој начин изборија и пласман во европските купови.
Фановите со нетрпение ја очекуваа ждрепката за оваа рунда, по која стана јасно против кого ќе играат и најелитните и најамбициозните клубови, а најинтересната двојка дефинитивно е Ливерпул-Тотенхем.
🔥 That #CarabaoCup Round Three draw!#EFL pic.twitter.com/hHiX1KceLV
„Црвените“ ќе бидат фаворити и ќе играат на домашен терен, а во слична ситуација е и Манчестер Јунајтед, кој пак во друг премиерлигашки дуел ќе се соочи со Брајтон.
Арсенал ќе му гостува на Ипсвич, актуелниот освојувач Манчестер Сити го пречекува Норич, Челси ќе го пречека подобриот од мечот меѓу Лутон и Лидс, додека Сандерленд и Хал се уште две премиерлигашки екипи кои ќе играат меѓусебе во оваа рунда.








