Елитен голман му се понуди на Челси, Алонсо ќе го има последниот збор

Дерби

27/08/2026

13:53

386

Големина на фонт

а а а

Челси победи на отворањето на новата сезона во Премиер лигата во малото лондонско дерби против Фулам, но и овој натпревар покажа дека „сините“ го немаат искоренето главниот проблем од минатата сезона, а тоа е примање на лесни голови.

Роберт Санчез едноставно не носи мир и стабилност меѓу соиграчите во одбраната и одново прими гол кој оди на негова душа во победата од 2:3, па иако првичниот план на Чаби Алонсо беше целосно да се потпре на сонародникот, сега може да дојде до голема промена.

Како што откриваат угледните трансфер инсајдери од Англија, претставниците на Емилијано Мартинез го понудиле својот клиент на Челси и оставиле простор за размислување во период од 48 до 72 часа.

Мартинез остана во доста деликатна ситуација откако Унај Емери го доведе Зион Сузуки да биде прв голман за Астон Вила, па во ситуација кога му се затворија вратите на италијанскиот трансфер пазар, сега клиентите се обидуваат да му отворат нови хоризонти во Премиер лигата.

Според угледниот „Атлетик“, претставниците на Дибу оставриле контакти со Челси и јасно ставиле до знаење дека Мартинез е подготвен да направи трансфер на „Стемфорд Бриџ“, па сега конечниот одговор на оваа тема треба да го даде Алонсо.

Новиот менаџер на Челси ќе треба да одлучи дали му е потребен елитен голман како Аргентинецот кој веќе е докажан голман во Премиер лигата, или на крајот ќе продолжи да му верува на Санчез кој е крајно оспоруван од најголем дел од фановите на Челси.