Жозе Мурињо го виде Килијан Мбапе во најдобро светло за првпат во живо како тренер на Реал Мадрид, а откако Французинот режираше вистинска симултанка во напаѓачки поглед на „Сантијаго Бернабеу“, Португалецот му додели и комплимент кој сигурно ќе му се допадне на напаѓачот.
Иако остана без светската титула на мундијалот кој се играше ова лето, Мбапе го заврши турнирот во САД како најдобар голгетер во историјата на мундијалите, а овој учинок го прави фудбалски бесмртник во очите на новиот тренер во Реал Мадрид.
Мурињо не сакаше да прави споредби меѓу Мбапе и Кристијано Роналдо кој инаку е идол на Французинот, но затоа Жозе заклучи дека Килијан игра со неверојатна глад која е задолжителна ако сакате да бидете дел од Реал Мадрид.
– Мбапе како Роналдо? Не би сакал да правам такви споредби, но ова момче е неверојатно. Начино на кој игра, желбата која ја покажува, гладта со која ги напаѓа противниците. Многу сум среќен што испиша историја на мундијалите, стана најдобар голгетер во историјата на Светските првенства.
– Има 25 светски шампиони, но само еден играч е дел од вечноста, а тоа е најдобриот голгетер во историјата на мундијалите. Мбапе е неверојатен играч, не мора да му кажувам што треба да прави во нападот, но посебно ме фасцинира што секогаш се става на располагање на тимот и работи за доброто на тимот, – изјави Мурињо.








