Тренер со богато интернационално искуство го засилува стручниот штаб на Лазаров

Дерби

27/08/2026

14:14

368

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација ова попладне се пофали со нов член на стручниот штаб со кој раководи селекторот Кирил Лазаров, а новото засилување доаѓа со цел дополнително да се напредува на голманската позиција.

Ракометната федерација на Македонија со задоволство објави дека хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ во иднина ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, а бидејќи станува збор за човек со богато интернационално искуство, се очекува брзо да видиме резултати и на теренот.

Јерковиќ изминативе две сезони работеше во Рајн Некар Левен, новата сезона ќе ја почне како голман-тренер на Ерланген, но истовремено ќе биде дел и од стручниот штаб на Лазаров.

– Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.

– Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати. Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас и се што не очекува, – порача Јерковиќ.