[ВИДЕО] Тежок пожар во Ресенско, се движи кон Пелистер, интервенираат и ер трактори

Макфакс

29/08/2026

18:40

900

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во атарот на селото Макази во Ресенско и се движи кон Пелистер. Пожарникарите и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување интервенираат за гаснење, а се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор во Македонија, од кои осум се активни.

Тежок пожар избил попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, а огнот се движи во правец кон Пелистер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот зафатил овоштарници на две локации, а поради опасноста од негово проширување, покрај интервенцијата на пожарникарите, во гаснењето се вклучени и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходно, Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Ресен, меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде што гори борова шума и ниска вегетација.

Во Општините Студеничани и Зелениково активен е пожарот на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер во Општина Студеничани, како и кракот кон селото Палиград, во правец на Преслап во Општина Зелениково. Зафатена е мешана шума.

Активен е и пожарот во Општина Сарај, на потегот Копаница – Радуша, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Во Општина Петровец активен е пожарот на потегот Горно Коњари – Дивљан, каде што се зафатени мешана шума и ниска вегетација.

Во Општина Јегуновце активен е пожарот кај селото Копанце, каде што гори мешана шума.

Во Општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и единечни дрвја.

Во Општина Прилеп активни се два пожара, едниот кај селото Алинци, каде што гори депонија, а другиот кај Касарната во Прилеп, каде што е зафатена ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општините Гостивар и Македонски Брод, кај селото Трново во Општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во текот на денот се изгаснати девет пожари. Во Општина Битола пожарот кај тунелот на обиколницата зафатил ѓубре и кабли. Во Општина Долнени е изгаснат пожарот во селото Црнилиште, каде што горела ниска вегетација.

Во Општина Прилеп е изгаснат пожарот во селото Витолиште, во месноста Рамна Нива, каде што горела ниска вегетација. Во Општина Струмица е изгаснат пожарот во селото Куклиш, каде што гореле ѓубре и ниска вегетација, додека во Општина Босилово е изгаснат пожарот кај селото Бориево, каде што горела депонија.

Во Општина Струга е изгаснат пожарот во селото Корошишта, каде што гореле стрниште и ниска вегетација. Во Општина Градско е изгаснат пожарот во селото Виничани, кај турските гробишта, каде што гореле ниска вегетација и дрвја.

Во Општина Куманово е изгаснат пожарот во Агино Село, каде што гореле ниска вегетација и стрниште, додека во Општина Липково е изгаснат пожарот во селото Матејче, каде што горела ниска вегет