Узурпирал плажа во Охрид заштитена од УНЕСКО и ангажирал работници да изградат мост

Макфакс

01/09/2026

13:50

357

Големина на фонт

а а а

Во Охрид било поднесено кривична пријава против лице што узурпирало плажа заштитена од УНЕСКО и ангажирало работници за изградба на импровизиран мост до соседна плажа.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој неовластено заземал катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.