Александар Вучиќ ја честиташе Џорџа Мелони поради рекордно долгото владеење на нејзината италијанска влада и истакна важноста на стабилноста и принципите во политиката.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ упати честитки на италијанската премиерка Џорџа Мелони по повод историското достигнување на нејзината влада, која стана најдолговечна во модерната историја на Италија.
„Во денешниот свет, исполнет со непредвидливост и сложени глобални предизвици, овој исклучителен успех претставува многу повеќе од политички триумф. Тој е несомнен доказ за трајните вредности, стабилноста и принципиелната политика што ја водите“, напиша Вучиќ во објава на мрежата Икс.
Тој додаде дека е уверен оти српскиот и италијанскиот народ, кои, како што рече, се поврзани со длабоки историски врски и силно партнерство, ќе продолжат да ја развиваат соработката во корист на стабилноста и напредокот на цела Европа.
Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска стана најдолговечната влада во историјата на Италијанската Република. Таа наврши 1.413 дена на власт и со тоа ја надмина втората влада на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, која од јуни 2001 до април 2005 година беше на власт 1.412 дена.








