Спектакл во Њујорк: Шампионот на колена, Шелтон закажа американско полуфинале на Ју-Ес Опен

Дерби

09/09/2026

11:46

387

Големина на фонт

а а а

Ју-Ес Опен ќе добие нов шампион, ситуација за која се погрижи домашниот тенисер Бен Шелтон кој во денешното полуфинале оствари победа над Карлос Алкарас.

Алкарас важеше за фаворит на хартија, но воедно се знаеше дека ова ќе биде негов најголем предизвик по враќањето на терените затоа што Бен е во најдобрата десетка на светот, играч во форма, плус игра пред своите сонародници што за Американците секогаш е екстра мотивација и самодоверба.

Четири ипол часа војуваа Бен и Карлос, а на крајот резултатот беше 3-2 во сетови или поточно 6-7(5), 6-1, 6-3, 1-6, 7-6(10/7).

Натпреварот заврши во 3:33 наутро во Њујорк што е нов рекорд за најдоцна завршен грен слем меч на оваа подлога.

Во полуфиналето Шелтон ќе се соочи со сонародникот Френсис Тијафо кој по неверојатен пресврт го доби Алекс Микелсен со 5:7, 3:6, 7:5, 6:3, 7:6 (10:6). Бен води во меѓусебните дуели со 3-1.