Интер загуби, Киву порача: Оптимист сум за иднината на овој тим…

Дерби

09/09/2026

13:06

232

Големина на фонт

а а а

Интер покажа квалитетна и храбра игра во Мадрид, но и тоа не се покажа како доволно за позитивен резултат против Реал кој славеше со 2-1.

Калчолигашот не ги користеше своите шанси, а во првиот дел со грешки му подари два гола на домаќинот и на тој начин му го отвори патот до победа на „Бернабеу“. Меѓутоа и покрај поразот тренерот Кристијан Киву е задоволен и верува дека начинот на кој играле ќе им донесе успеси во иднина.

- Воопшто не сум лут, задоволен сум од храброста и карактерот што го покажа мојот тим. Ако правите грешки, а тоа е дел од спортот, станува збор за тоа како да реагирате на нив и да продолжите напред, вашиот говор на телото, вашиот став до крајот. Би рекол дека беше добра партија, обидувајќи се да бидете доминантни и да ја задржите иницијативата во текот на целиот натпревар.

- Тоа ме прави среќен и оптимист за иднината на овој тим. Грешки се случуваат, знаевме дека ќе треба да им дозволиме нешто во транзицијата и квалитетот што го имаат во нападот, но останавме во играта до самиот крај, покажавме карактер и тоа беше добар меч. Горд сум што покажавме храброст и не дојдовме тука обидувајќи се да играме за бод, туку го премавме натпреварот против тим како Реал Мадрид, - заклучи Романецот.