Пети: Рано е за нив, тие не се кандидати за титулата во ПЛ

Дерби

09/09/2026

13:05

322

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси, Емануел Пети отпиша еден голем клуб од борбата за пехарот во Премиер лигата.

Многуминана поранешни играчи кои сега ја имаат улогата на аналитичари, коментатори го ставаат Арсенал на прво место, фаворит за пехарот со тоа што некои од нив веруваат и дека „топчиите“ ќе бидат предизвикани од клубови како Манчестер Сити.

Пети е од оние кој е убеден дека „топчиите“ ќе го одбранат тронот, а воедно не го гледа составот предводен од Чаби Алонсо како до крај се бори за првата позиција.

- Оптимист сум, како што реков, од многу причини, но верувам во Алонсо и навистина верувам во чувството на одмазда од играчите. Мислам дека толку многу играчи во тимот минатата сезона беа разочарани и очекувам нешто добро оваа сезона. Тие им должат нешто на навивачите, на клубот, но и на себеси. Мислам дека минатата сезона не успеаја во многу работи, но пред сè, мислам дека посветеноста не беше таму.

- За мене, би било неуспех ако Челси не стигне до местата што водат во Лигата на шампионите на крајот од сезоната. Мислам дека ова е минимумот што можат да го направат. Како што реков, мислам дека Арсенал ќе освои две титули во Премиер лигата по ред. Како што реков повторно, Челси ќе се бори до крај за титулата, но мислам дека веројатно е прерано оваа сезона Челси да биде вистински кандидат до крајот.

- Но, верувам дека фактот што не играат европски натпреварувања, фактот од сите причини што ги кажав претходно, навистина верувам дека Челзи може да направи нешто оваа сезона, - порача Пети.