Ал Наср брзо го заборави поразот од Ал Итихад и им се врати на победите во шампионатот на Саудиска Арабија.
Тимот кој го предводи Анге Посеткоглу славеше над Абха со 2-1, во меч во кој еден од погодоците за домаќините беше дело на првата ѕвезда Кристијано Роналдо.
Португалецот „летна високо“ и погоди со глава во 22 минута со што го отвори резултатот. Ова за ветеранот беше 979. гол во кариерата.
Во вториот дел Ал Хамдан го зголеми водството, додека подзабораниот Набил Фекир реализираше за гостите во 75 минута.








