Челси вчера одигра катастрофално прво полувреме на дуелот од Лига купот со Лидс, а покрај тоа што гостите имаа минимално водство, на фановите им беше јасно дека ротациите на Чаби Алонсо имале сериозен контра-ефект врз играта на домашниот тим.
Шпанскиот стручњак направи четири замени на полувреме, уфрлувајќи ги Палмер, Роџерс, Нето и Џејмс, по што Челси и покрај примениот втор гол, успеа да ги консолидира редовите, па до крајот направи пресврт и славеше со 6:3.
Чаби по средбата презел одговорност за делот од натпреварот кој бил далеку од Челси кој го посакуваат тој и фановите.
– Мора да ги преземам вината и одговорноста за она што се случуваше.
– Требаше повеќе да им помогнам на фудбалерите за да не се најдат во ваква ситуација, а потоа морав да размислувам за реакција и како да му помогнам на тимот.
– Останува во иднина да носам подобри одлуки, дефинитивно ќе научам многу од денешниот натпревар, – изјавил Чаби Алонсо.
Резервистите се истакнаа преку двата гола на Палмер, еден на Нето и четирите асистенции на Роџерс.








