Некогашниот англиски репрезентативец, Џејми Карагер го спореди менаџерот на Арсенал Микел Артета со легендарниот сер Алекс Фергусон, а причината за тоа е начинот на кој ги критикуваше судиите по победата на неговата екипа над Сандерленд.
Шпанецот воопшто не беше задоволен од пеналот кој беше досуден против неговата екипа при резултат 0-0, пенал кој можеше да го промени текот на натпреварот ако Ле Фе го матираше Раја.
Артета порача дека се работи за неприфатлива одлука, пенал кој не се суди во ниту една лига.
- Ова беше Микел Артета како станува Сер Алекс Фергусон на Премиер лигата во моментов. Тој е дон во моментов, шампион на Премиер лигата. Многу нови менаџери за… тој е на својата позиција шест или седум години и чувствува дека е во позиција на моќ да каже: „Да, не беше пенал“. И не мислам дека беше пенал.
- Но, би било интересно да се види колку време ќе му треба на друг судија да досуди пенал против Арсенал во слична ситуација. Мислев дека беше многу интересно на прес-конференцијата; еден од новинарите истакна дека, без разлика кое прашање ќе му го поставите, тој постојано се враќа на пеналот, па затоа беше решен да ја изнесе приказната дека ова нема да му се случи повторно на неговиот клуб.
- Но, тоа е менаџер – го видовме тоа со Сер Алекс Фергусон, го видовме тоа со Жозе Мурињо, - истакна Карагер.








