Белград ќе биде домаќин на финалето во ЛЕ, на „Камп Ноу“ ќе се води битка за пехар во ЛШ

Дерби

15/09/2026

13:55

163

Големина на фонт

а а а

Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска имаше состанок во Солун каде беа донесени важни одлуки за домаќините на финалињата во најважните натпреварувања.

Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните средби во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година. „Алијанц Арена“ и новиот „Камп Ноу“ ќе ги пречекаат најдобрите две екипи во тие сезони.

Ова е посебна вест пред се за Барселона која по пауза од 30 години ќе биде организатор, ко-организатор домаќин на мечот за пехар во ЛШ. Последен пат тоа се случи во 1999 година кога Манчестер Јунајтед со чудесен пресврт во завршницата го доби Баерн Минхен.

Кога се во прашање дамите и ЛШ, во истите споменати години финалните средби ќе бидат одржани во Лион и Кардиф.

Белград пак ќе биде град домаќин на финалето на Лига Европа во 2029 година, додека претходно Букурешт ќе ги пречека двете најдобри екипи по второто по ранг натпреаврување.

Кога се работи за Конференциската лига, Торино и Будимпешта ќе бидат во фокусот во 2028 и 2029 година.