Комо учи од еден великан: Ако го додадеме тоа на нашите способности…

Дерби

15/09/2026

11:16

200

Големина на фонт

а а а

Комо ја совлада Парма (2-1) и со тоа врза три победи во италијанската Серија А и по четири одиграни кола се наоѓа на третата позиција зад перфектните Рома и Интер.

Ова за Комо беше прв натпревар по оној историскиот во Лигата на шампионите, поточно за кратко време мораше да одигра два меча, да почувствува како е да се игра едно, па друго натпреварување, настап од кој тренерот Сеск Фабрегас е задоволен.

- Неколку играчи беа многу уморни, направивме некои промени, а ми се допадна начинот на кој другите влегоа од клупата. Ова беше важен одговор за тимот, бидејќи значи дека можам да се потпрам на сите. Многу сум задоволен од настапот. Ова е важна победа за мене како тренер, бидејќи почнувам да сфаќам каков тим можеме да станеме.

- Имаше толку многу нови динамики со кои треба да се справиме оваа сезона. Кога имате 31 шут кон голот и постигнувате само еден гол, знаете дека противникот ќе промени нешто за да ја зајакне својата одбрана и дека ризикувате да примите гол, што на крајот го направивме, - вели Шпанецот.

Стратегот користејќи го голот на засилувањето Каику порача дека учат или се обидуваат да „украдат“ нешто од англискиот шампион Арсенал.

- Тој веќе играше за бразилската репрезентација, па затоа има многу квалитет и ќе ни помогне многу. Навистина ужива во одбраната, а тоа се покажа денес, полека ќе се навикне да го даде она што го бараме од него. Во модерниот фудбал, многу е важно да имаме дефанзивци кои постигнуваат голови. Арсенал ја освои Премиер лигата во голема мера со голови од дефанзивци и игра од прекини. Ако го додадеме ова на нашите способности, тогаш тоа е предност, - порача Фабрегас.