Мурињо: Фрлив сè на една карта, победивме, но можевме…

Дерби

16/09/2026

12:00

360

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид покажува повеќе лица за врема на своите натпревари и тоа уште еднаш се повтори и вчеравечер против Елче каде буквално од готов меч, меч во кој ги имаше трите бода на крајот можеше да остане само со бод или можеби и без него ако домаќините направија некоја контра во последните минути со оглед на тоа што Жозе Мурињо фрли се на една карта.

„Кралевите“ водеа со 2-0 по 33 минути, можеа да дадат уште некој гол и откако тоа не го направија му дозволија на Елче од 71 до 83 да дојде до 2-2 и да го однесе мечот на почеток, нова фаза во која фаворитот требаше по вторпат да ги победи.

Мурињо ги внесе Ендри и Еспи, овој вториот се покажа како вистински џокер и се најде на вистинското место во 91 минута откако Белингам и Мбапе претходно ја завршија целата работа.

- Со промените на крајот, ризикував сè. Победивме, но можевме да изгубиме. Моравме да го сториме тоа, бидејќи нерешено не е доволно. [Еспи] се снаоѓа добро, дава важен придонес за тимот. Тој има проблем пред себе, а тоа е играч кој не е нормален играч [Мбапе], а играњето со нив двајца заедно не е лесно, -истакна Жозе кој смета дека морале порано да го затворат мечот.

- Во натпреварите што изгледаат како да се готови, имаме три, четири, пет шанси да го затвориме, а ние не го правиме тоа. Не постигнавме гол, не го завршивме со 3 или 4-0. Кога изгледа лесно, работите ги оставате така, надвор од дома на овие стадиони. Постигнуваат гол и тоа е отворен натпревар. Добрата работа е што во тешки времиња, тимот реагира и победува.Добрата работа е што никој не се досадува во натпреварите на Реал Мадрид. Тие се навистина забавни, - дополни „специјалниот“.