[ФОТО] Македонскиот претставник за „Mister International“ како грчки бог: Извајано тело, плажи и луди ноќи на Тајланд

Супермен

17/09/2026

10:42

1.111

Големина на фонт

а а а

Октај Сејди деновиве ги живее моментите што долго ќе ги памети. Нашиот познат шминкер и фризер, кој во последните години се наметна и како моден и травел инфлуенсер, моментално е во Тајланд, каде што ја претставува Македонија на престижниот избор за убавина „Mister International“ 2026.

Октај на 11 септември замина за Тајланд, а големиот избор ќе се одржи на 26 септември. Во пресрет на финалната вечер, македонскиот претставник веќе има низа активности, дружења, фотосесии и официјални ангажмани заедно со останатите учесници од различни земји.


Додека подготовките за изборот се во полн ек, Октај редовно ги споделува своите впечатоци со следбениците на Инстаграм и покажува дел од атмосферата што владее меѓу кандидатите.

Овојпат тој објави серија фотографии и откри како изгледаат деновите во Пукет. На фотографиите позира сам, но и во друштво на останатите учесници, а дел од кадрите се направени на плажа, каде што кандидатите ги покажаа своите извајани тела и летните комбинации.


Покрај дневните активности и фотосесиите, Октај покажа и дека животот на кандидатите не се сведува само на официјални обврски. На дел од фотографиите тие се забавуваат заедно и во вечерните часови, уживајќи во ноќниот живот и дружењето во Пукет.

„Тајланд, Пукет и Мистер Интернешнал. Толку многу убави моменти, незаборавни спомени и прекрасни фотосесии и луди ноќи полни со забава. Едвај чекам да видам што е следно.“, напиша Октај во својата објава на социјалните мрежи.


Инаку, Октај досега веќе имаше можност преку повеќе активности и интервјуа да се претстави како македонски претставник на престижниот избор. Со својот препознатлив стил, тој предизвикува внимание и на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии и видеа од престојот во Тајланд.

Сега, додека деновите до големото финале се одбројуваат, Октај продолжува да ги споделува најинтересните моменти од ова интернационално искуство. Од плажите и фотосесиите во Пукет, до дружењата со кандидатите и вечерните излегувања, неговиот престој во Тајланд очигледно е исполнет со нови познанства, активности и спомени.

Македонија ќе ја претставува на финалната вечер на 26 септември, кога ќе се дознае кој ќе ја понесе титулата „Mister International“ 2026.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk