[ФОТО] Протекоа фотографии од супермаркет: Славниот актер во врска со 31 година помлада лајфстајл тренерка?

Точка

17/09/2026

16:15

841

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Кевин Костнер (71) поттикна гласини дека е во врска со 31 година помлада лајфстајл тренерка. Наводниот пар изгледал „исклучително близок“ во Санта Барбара, Калифорнија.

„Дејли мејл“ дошол до фотографии од славниот актер и 40-годишната Џенифер Милбурн, кои биле забележани во локален супермаркет, каде што, според очевидци, купиле житарки, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн за излегувањето избрала краток шорц, бела кошула со долги ракави и влечки, додека Костнер носел бела поло-маица и панталони во иста боја.

Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот имот „Dunbar Ranch“. Претходно работела како стјуардеса во „Delta“ и како локален модел, а според нејзиниот профил на „ЛинкдИн“, моментално работи како директорка за партнерства во компанијата „The Optimism Company“. Исто така, неколку години работела во познатата продавница за облека „Kemo Sabe“.

Според наводите на американските медиуми, Џенифер го прекинала повикот кога новинарите ѝ се јавиле и ја прашале дали е во врска со ѕвездата од серијата „Yellowstone“.


Костнер во 2023 година се развел од Кристин Баумгартнер по 18 години брак. Со поранешната сопруга има три деца – Кејден (19), Хејс (17) и Грејс (16).

Исто така, ги има ќерките Ени (42) и Лили (40), како и синот Џо (38) со поранешната сопруга Синди Силва, од која се развел во 1994 година, по 16 години брак.


По разводот со Кристин, Костнер бил поврзуван со неколку жени, меѓу кои и Џенифер Лопез. Актерот и пејачката биле видени заедно во „Kemo Sabe“ во Аспен во 2024 година. Сепак, се покажа дека станувало збор исклучиво за пријателско дружење.

По гласините за врска со пејачката, Кевин излегол на состанок со Кели Нунан Горес, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горес.


Извори тогаш изјавиле дека Костнер и Горес уживаат во „дискретна и опуштена“ романса, како и дека актерот е внимателен по „јавниот и скап развод“ од Баумгартнер, која во меѓувреме се омажила за Џош Конор.

Кевин и Кели уживале во „вечери дома, прошетки на плажа и мирни вечери во приватноста на домот“, навел изворот, додавајќи дека поминувале многу време на неговиот имот во Санта Барбара.