[ВИДЕО] Се соблече Роби Вилијамс (52) и го покажа мускулестото тело, сопругата горда: „Мојот човек од челик“

Супермен

18/09/2026

08:06

859

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс тренира напорно и се обидува да остане во одлична форма дури и во шестата деценија, а неговата сопруга му дава голема поддршка во тоа.

Познатиот пејач Роби Вилијамс ги покажа резултатите од редовното вежбање, а неговата сопруга Ајда Филд сними интересен момент пред еден од неговите неодамнешни настапи. Вилијамс, 52, вежбаl зад сцената, користејќи ластик за да ги вежба бицепсите. Во таа прилика, тој беше без маица, носејќи само фармерки и чизми.


Неодамна, Роби проговори за дијагнозата за аутизам што ја доби, но и за бројните други проблеми со кои се соочил низ годините.

Неговата сопруга Ајда не пропушти можност да го задева додека го снимала.

„Изгледаш навистина добро... Те снимам, затоа погрижи се мускулите да ти изгледаат што е можно поголеми. Човек од челик“, се пошегува таа, очигледно задоволна од неговата форма.


Пејачот со години одржува активен животен стил, а овој краток кадар зад сцената покажа дека тој сериозно го сфаќа тренингот, дури и непосредно пред настапот. Нивниот опуштен момент зад сцената уште еднаш ја покажа нивната склоност кон шегување и задевање, дури и пред големите концерти.


Вилијамс, и покрај бројните обврски и интензивниот распоред на настапи, успеа да најде време за тренинг. Неговата сопруга, судејќи според нејзината реакција, беше повеќе од подготвена да ги сними резултатите од неговите напори.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk