Жозе Мурињо се уште ги имплементира своите методи и играчите се уште се навикнуваат на новата реалност со португалскиот стручњак, а бидејќи станува збор за тренер кој работи на деталите до перфекција, сега се погрижи за една гигантска иновација во тренинг центарот на Реал.
Во стилот на тоа што го направи Луис Енрике во тренинг центарот на ПСЖ, Мурињо си придодаде нова модерна алатна за тактичка анализа во тренинг-центарот, а истата веќе е составен дел од секој тренинг на Реал.
Мурињо побарал од клубот да биде поставен гигантски екран на дел од теренот во Валдебебас, се со цел да има можност да анализира одредени ситуации со фудбалерите во било кој момент.
Првите видеа од иновацијата во Валдебебас веќе се појавија во јавноста, а со истата, играчите ќе можат да добијат поточни инструкции за тактичката поставеност на самиот терен, а не само во соблекувалната.
Мурињо е искусен стручњак кој до најситен детаљ ги студира ривалите, па јасно е дека со оваа алатка ќе се обиде да достигне ново ниво на тактичка анализа.
🚨 José Mourinho ha instalado una PANTALLA GIGANTE en el césped de Valdebebas.
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) September 17, 2026
El nuevo método de Mourinho 👏🏻 pic.twitter.com/fPQ8HK3xqm






