Томас Тухел предизвика доста контроверзи со изборот кој го направи за Светското првнество, но откако „Гордиот албион“ се врати од САД со освоен бронзен медал, Германецот доби шанса да остане на чело на националниот тим и да продолжи со својата интересна селекција.
Два месеци по мундијалот, Тухел доби за задача да состави прв список за новата сезона во Лигата на нации, а на листата на повикани фудбалери има доста важни отсуства, но и враќање на големи ѕвезди.
Кол Палмер и Трент Александер Арнолд беа две од големите четири ѕвезди кои не беа повикани на мундијалот, но ако тие двајца се враќаат за првата фаза во Лигата на нации, Хари Мегваер и Фил Фоден остануваат надвор од пошироките погледи на Тухел.
Германецот не најде место за двајцата во најновиот список кој го објави, а има и други важни отсуства на фудбалери како Спенс, Џејмс, Вортон, Мадуеке, Тони и Воткинс.
Покрај Палмер и Трент, за издвојување се и повиците на Брантвајт, Хол, Луис-Скили, Скот, Калверт-Луин и Енгумоа од Ливерпул.
Here it is! 🤩
— England (@England) September 18, 2026
Thomas Tuchel's first #ThreeLions squad of the 2026-27 season 🦁 🏴







