Осумте светски шампиони на Барселона не добија институционално признание од клубот за освоената титула со Шпанија, а во пресрет на првиот предизвик кој ќе го има „црвената фурија“ во новата сезона во Лигата на нации, Луис де ла Фуенте доби прашање кое беше максимално очекувано.
Шпанскиот селектор ја осуди постапката на водечките луѓе на Барса кои го откажаа чинот пред новата сезона во Ла Лига, па играчите на шпанскиот првак беа единствените кои не добија јавно признание за тоа што го освоија пред два месеци.
Овој потег на клубот предизвика мала политичка бура на релација Мадрид-Барселона, а Де ла Фуенте како селектор смета дека Каталонците целосно погрешиле со одлуката која ја донеле.
– Тоа што се случи е вистинска штета, бидејќи станува збор за успех кој не се остварува често. Играчите се славни и добиваат љубов на сите стадиони во Шпанија, но ќе беше подобро да добијат признание и во својот дом.
– Ако не ви дадат признание дома, во фудбалот многу често се случува да препознаат нешто големо на друго место, – изјави Де ла Фуенте, јасно критикувајќи го потегот на Каталонците со своите осум светски шампиони.







