НАТО е подготвен да одговори на можно наличие на руска ескалација на своето источно крило, со зголемување на силите и технолошки капацитет, како и со детален план за различни воени сценарија.
НАТО е подготвен да одговори на можна руска ескалација на источното крило на Алијансата, изјави денеска адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, по состанокот на највисоките воени команданти на 32-те членки во Копенхаген.
„Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, војниците… оружјето е подготвено“, им изјави Каво Драгоне на новинарите.
Тој додаде дека НАТО продолжува да ги зголемува своите сили и бројчено и технолошки, како и дека постојат детални воени планови за различни сценарија, од ограничени безбедносни инциденти до директен напад.
Воениот комитет, највисокото воено тело на НАТО, се состана во Копенхаген за да разговара за зајакнување на колективната одбрана, технолошкиот развој и натамошната поддршка за Украина.
Фото:ЕПА








