[ФОТО] Најскапата холивудска насмевка и лице без брчки, а има 64 години

Супермен

23/09/2026

07:10

629

Големина на фонт

а а а

Том Круз присуствуваше на премиерата на новиот филм во Лондон и се појави во многу елегантно издание, а неговото лице без брчки привлече најголемо внимание.

Холивудската ѕвезда Том Круз се појави на црвениот тепих во Лондон по повод светската премиера на филмот „Digger“.

Славниот 64-годишен актер избра елегантен црн смокинг, но неговото „испеглано“ лице, без брчки, речиси како да не остарел, привлече најголемо внимание.


Со оглед на тоа дека е во седмата деценија, не е тешко да се заклучи дека ѕвездата на „Тоp Gun“ очигледно се потпира на козметички процедури за да го одржи својот младешки изглед, и мора да признаеме дека во тоа успева, бидејќи сè уште важи за еден од најпосакуваните холивудски момци.


И покрај коментарите за неговиот изглед, тој споделуваше насмевки насекаде, се ракуваше со обожавателите и неуморно позираше за фоторепортерите.

Во новиот филм на режисерот Алехандро Гонзалез Ињариту, Круз ја игра главната улога на Дигер Роквел, еден од најмоќните луѓе на планетата, кој се обидува да спречи глобална катастрофа.


Сите сцени во филмот се снимени во Велика Британија, поради што Лондон беше избран за домаќин на светската премиера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk