Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Макфакс

23/09/2026

08:50

195

Големина на фонт

а а а

Во август е забележан значителен годишен раст од 9,0% на вкупните депозити во земјата, како и раст од 13,6% во вкупната кредитна поддршка, при што порастот е видлив кај домаќинствата и корпоративниот сектор.

Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%, извести Народната банка.

Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.